Mehmet Özay
15 Јуни 2017•Ажурирај: 15 Јуни 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Борбен авион на малезиските Кралски воздушни сили утринава исчезна од радарот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Малезиската новинска агенција BERNAMA (БЕРНАМА) јавува дека воениот авион од типот „Hawk 108“ исчезнал од радарот половина час по полетувањето од воената база во покраината Паханг.
Во моментот на губењето на сигналот, авионот летал над границата помеѓу покраините Паханг и Теренган, а воздушните сили на Малезија веќе се на теренот и трагаат по исчезнатиот авион.