Mahmut Atanur
16 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Најмалу десет лица загинаа а 13 се водат за исчезнати во свлечишта на јужниот дел од Кина, предизвикани од обилни врнежи од дожд, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кинескиот весник „China Daily“ јавува дека обилните врнежи од дожд предизвикале неколку свлечишта во автономниот регион Гуангси Џуанг, па во покраините Хиан, Гиџоу и Гуангџоу.
Загрозени со живот се околу 30,000 жители во подрачјето погодено од врнежи свлечишта.
Според првичните извештаи на кинеската Цивилна заштита, загинаа најмалку десет лица, а 13 се водат за исчезнати во свлечиштата. Повеќедневните обилни врнежи на јужниот дел од Кина до сега речиси во потполност ги уништија посевите на 20,000 хектари земјоделско земјиште. Срушени се повече од 1,400 стамбени единици.
Материјалната штета се проценува на 227 милиони кинески јени (околу 42 милиони долари).
Цивилната заштита и спасувачките служби се деноноќно на терен и им пружаат помош на жителите на загрозените подрачја.