Ekipa
21 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
ДAKA (АА) - Во циклонот што донесе обилни врнежи од дожд и силен ветер во крајбрежните области на Бангладеш, загинаа најмалку пет лица и принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека до смртните случаи, вклучувајќи и една мајка и ќерка, дошло поради уривање на куќите. Повредени се повеќе од 100 луѓе. Циклонот Рохан преминал преку јужниот крајбрежен округ Кокс Базар, по што ослабнал.
Метеоролозите во Бангладеш наведуваат дека во поплавите се поплавени десетици села.
Официјалниот претставник на владата Мохамед Али Хосаин соопшти дека околу 100.000 луѓе ги напуштија своите домови.
Бангладеш е земја каде што опасните циклони се честа појава.