Ekipa
02 Јули 2016•Ажурирај: 03 Јули 2016
ДАКА (АА) - Воен функционер на Бангладеш соопшти дека во нападот во ресторан во дипломатскиот кварт Дака се убиени 20 заложници. Заложничката криза траеше десет часа, за време на спасувачката акција утрово полициските сили убија шест милитанти и спасија 13 заложници, јавува Anadolu Agency (AA).
Бригадниот генерал Најем Ашфаг Чаудхури додаде дека убиени се и двајца полицајци во моментот кога напаѓачите упаднале синоќа во популарниот ресторан и отвориле оган. Чаудхури не го откри идентитот на заложниците кои загинаа, ниту го спомна бројот на повредените во овој напад.
„SITE Intelligence Group” објави дека одговорност за нападот на ресторанот „Holey Artisan” во Дака го презела терористичката организација ДАЕШ.