Fuat Kabakçı
15 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинескиот претседател Си Ѓипинг во рамките на официјалната посета на Бангладеш, вчера се состана со претседателот на таа земја Абдул Хамид и премиерката Шеких Хасин, јавува Anadolu Agency (AA).
Кинеската делегација со официјалните лица на Бангладеш се состанаа во главнниот град, Дака.
Ова е прва посета на кинескиот претседател на Бангладеш по 30 години.
Двете страни за време на состанокот изразија желба за соработка и добри пријателски односи, како и билатерална поддршка.
Кина и Бангладеш донесоа одлука за подигнување на билатералните односи на ниво на стратешко партнерство.
Покрај тоа, Кина на Бангладеш ќе му даде кредит од 24 милијарди долари, а претходно беше одобрен кредит од 165 милиони долари.
Дипломатските односи помеѓу двете земји започнаа во 1975 година. Си во 2010 година, кога беше претседател на Кина, го посети Бангладеш.
Си Ѓипинг по посетата на Бангладеш ќе ја посети и сојузната држава Гоа, која се наоѓа на југозападниот дел на Кина за да присуствува на осмиот Самит на БРИКС, кој ќе трае од 15 до 16 октомври. На Самитот ќе присуствуваат официјални претставници на Бразил, Индија, Русија, Кина и Јужноафриканската Република.