Mehmet Akif Parlak
15 Октомври 2016•Ажурирај: 16 Октомври 2016
АЛЕПО (АА) - Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“, турската хуманитарна фондација ИХХ во ослободениот град од терористичките организации, Џарабулус, секој ден на околу 8.000 жители им дели топол оброк, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ против терористичките закани во северниот дел на Сирија, со поддршка на турските вооружени сили (TSK), заедничките специјални сили и воздушните коалициони сили, Сириската слободна армија го расчисти и ослободи градот Џарабулус од терористите. По ослободувањето животот во градот се врати во нормала. Исто така, ова беше причината за хуманитарно ангажирање на турските хуманитарни организации во овој град.
Екипите на ИХХ во поставените народни кујни во центарот на градот секојдневно делат топол оброк и леб.
Секој ден, околу 8.000 жители од градот Џараблус се среќни што можат да однесат топол оброк и леб во своите домови. Во редици со своите садови чекаат жени и деца.
Одговорниот на ИХХ за Сирија, Омер Копаран, во разговор за АА истакна дека покрај невиниот сириски народ во Џарабулус се околу 40 дена.
Тој додаде дека покрај делењето топол оброк и леб во центарот на градот, тие успеале да стигнат до граѓаните којшто живеат по селата и дека се обидуваат да ги задоволат и нивните основни потреби. Тој рече дека овие луѓе секогаш имаат потреба од помошта на добротворците.
Копаран истакна дека ќе продолжат со делење топол оброк: „Од 2 септември досега во 45 населени места во околината на Џарабулус поделивме 280.000 парчиња леб и 100 тони компири. Од возилото на народната кујна во центарот на градот топол оброк добиваат околу 8.000 лица. Досега топол оброк имаат добиено околу 250-300 илјади луѓе. Покрај ова, на населението му поделивме и 2.900 пакети со храна и 200 пакети наменети за децата. Му се заблагодаруваме на секој оној којшто има пружено помош во оваа акција“, рече тој.