Ekip?
15 Октомври 2016•Ажурирај: 15 Октомври 2016
БАГДАД (АА) - Безбедносните и здравствените ирачки официјални лица соопштија дека во самоубиствениот бомбашки напад за време на погреб во северниот дел на Багдад, загинаа најмалку 31 лица, а повредени се најмалку 65, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот се случил денес напладне, наведоа официјалните лица, кои сакаа да останат анонимни. Додадоа дека се стравува оту бројот на загинати ќе расте.
Засега никој не презеде одговорност за нападот, кој се случи во момент кога ирачките безбедносни сили се подготвуваат за акцијата за преземање на вториот по големина ирачки град Мосул, кој е под контрола на ДЕАШ.