свет

Турската хуманитарна организација ИХХ годинава помогна на над 200.000 лица во Јемен

Турската хуманитарна фондација ИХХ ги продолжи активностите во Јемен кој е погоден со војна и хуманитарна катастрофа, и во изминатиот месец подели 6.600 пакети храна и 2.000 пакети со храна за бебиња

Murat Paksoy  | 13.12.2018 - Обновена : 16.12.2018
Турската хуманитарна организација ИХХ годинава помогна на над 200.000 лица во Јемен

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Турската хуманитарна фондација ИХХ ги продолжи активностите во Јемен кој е погоден со војна и хуманитарна катастрофа, и во изминатиот месец подели 6.600 пакети храна и 2.000 пакети со храна за бебиња, јавува Anadolu Agency (AA).

Фондацијата соопшти дека нејзините активности успеале да стигнат и до регионот на Аден и Мариб и дека на ова подрачје се започнати хуманитарни активности.

Турската хуманитарна фондација претходно започна кампања за собирање помош, под слоганот „Јемен чека помош“, а раководството на Фондацијата ги повика завојуваните страни во Јемен да прогласат тримесечен прекин на судирите за на цивилите да им се достави помошта која им е многу потребна.

Фондацијата продолжува паралелно да преговара за примирјето и во подготовката на храна и друга помош за луѓето во регионите во кои моментално поради судирите не може да се влезе.

Со помош на донаторите, Турската фондација ИХХ оваа година во Јемен достави хуманитарна помош во храна, лекови, медицинска опрема и хигиенски средства за повеќе од 200.000 лица.

Од Организацијата е соопштено дека е продолжен и проектот за помош на деца без родители, во кој се вклучени речиси 5.000 мали деца во Јемен.

Јемен е средиште на длабока и политичка безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна.

Во војната е уништена инфраструктурата на земјата, вклучувајќи го здравството, водоводната мрежа и канализацијата, поради што ОН наведоа дека ситуацијата во оваа заливска земја е една од најлошите хуманитарни катастрофи на модерното време.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın