свет

ИХХ: На Сиријците потребни им се уште 100.000 куќи во Идлиб

Претходно Турција најави дека турските невладини организации и институции ќе изградат 50.000 куќи во северните сириски провинции

Gökhan Ergöçün  | 08.05.2021 - Обновена : 11.05.2021
ИХХ: На Сиријците потребни им се уште 100.000 куќи во Идлиб

ИСТАНБУЛ

Иако неколку турски невладини организации се во процес на изградба на 50.000 монтажни куќи во провинцијата Идлиб на северозападот на Сирија, додатни 100.000 такви единици потребни се за подмирување на станбените потреби на Сиријците, информираше Булент Јилдирим, челникот на Турската хуманитарна организација ИХХ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што рече за АА, во Идлиб живеат околу 4,3 милиони луѓе. Многу од нив, коишто некогаш живееја во шатори, изградија куќи од цигли.

Но оние што немаат средства за тоа, имаат потреба од другите.

„Ја посетивме Сирија во Рамазан, сакавме на терен да го видиме развојот на настаните, насекаде се изградени монтажни куќи, а покрај куќите отворени се џамии и школи, а со тоа се пружаат и здравствени услуги“, рече Јилдирим.

Истакна дека турските институции дале пример бидејќи со изградба на куќите се направиле нови населби.

Рече дека ИХХ има за цел изградба на 20.000 куќи, а 15.000 досега се завршени.

Јилдирим рече дека турските невладини организации ќе изградат околу 50.000 куќи, но постои потреба за уште најмалку 100.000.

Претходно Турција најави дека турските невладини организации и институции ќе изградат 50.000 куќи во северните сириски провинции.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган донираше 50 куќи.

Јилдирим рече дека празните и неплодни земјишта се претвориле во населби со куќи и плоштади.

„Постојат фирми, прехранбени продавници, продавници за облека... Луѓето вредно работат“, изјави Јилдирим.

Според неговите зборови, Идлиб заживува со универзитетите, школите и болниците.

Ги повика луѓето да го поддржат Идлиб, бидејќи помошта значи изградба на иднината за илјадници луѓе.

Јилдирим рече дека околу 260.000 деца не одат во училиште поради физички услови.

Во текот на посетата сретна Сиријци кои бараат Турција да остане со нив, бидејќи присуството на турскиот народ им пружа надеж на сите муслимани.

Исто така Јилдирим рече дека ИХХ им помага и на луѓето во Турција во борбата против пандемијата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın