свет

Основачот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс: „Израел е држава на апартхејдот“

На социјалната мрежа Твитер, Вотерс објави видеозапис со натпис: „Израел е држава на апартхејдот. Погледнете ги деложациите во Шеик Џарах"

Bilal Acar  | 08.05.2021 - Обновена : 20.05.2021
Основачот на Пинк Флојд, Роџер Вотерс: „Израел е држава на апартхејдот“

ЛОНДОН

Некогашниот фронтмен на легендарниот бенд Пинк Флојд, Роџер Вотерс, го критикуваше израелското присилно иселување на палестинските семејства од нивните домови во квартот Шеик Џарах во Источен Кудс (Источен Ерусалим) и нивното преместување на друго подрачје под окупација на Израел, опишувајќи го Израел како „апартхејд-држава“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Реагираше и на израелскиот напад врз џамијата „Ал-Акса“ во Источен Кудс.

На социјалната мрежа Твитер објави видеозапис со натпис: „Израел е држава на апартхејдот. Погледнете ги деложациите во Шеик Џарах.“

Вотерс ја критикуваше изјавата на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека го поддржува Израел во сите околности.

„Поддржувате присилно истерување на луѓе од куќите. Како би се чувствувал ти Џо Бајден? Седиш во куќата која е твоја, во која твоето семејство живее со векови и таму некој ја зема“, напиша Вотерс.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın