Aldıjana Hadzıc
21 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
MОНТЕВИДЕО (АА) - Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, организиран е протестен марш за приведените за време на воената диктатура на крајот на 20-от век во оваа земја, а кои подоцна исчезнаa без трага, јавува Anadolu Agency (AA).
Воената диктатура започна со воен удар во 1973 година, а заврши во 1985 година. За време на диктатурата се приведени голем број на лица кои подоцна исчезнаа без никаква трага. Во Монтевидео се одржа "Марш на молчењето" на која присуствуваа стотици луѓе.
Тие носеа фотографии на исчезнатите членови на семејствата за кои до ден денес не се знае ништо.