Halit Süleyman
21 Мај 2016•Ажурирај: 22 Мај 2016
АЛЕПО (AA) - Најмалку седум цивили загинаа, а 32 се ранети во нападот со барелни бомби на Алепо, кои го изведоа хеликоптерите на силите лојални на сирискиот претседател Башар Ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сознанијата на АА од изворите на цивилната одбрана во Алепо, хеликоптерите на Асадовите сили околу полноќ извршија напад со барелни бомби на деловите на градот Алепо, Андан и Хан Асел.
Во нападот загинаа најмалку седум лица, меѓу кои има жени и деца, а ранети се 32 лица.
Ранетите се префрлени во блиските болници. Се дознава, исто така, дека како резултат на нападот е уништена и инфраструктурата во овие делови од градот.