Eşref Musa
02 Март 2022•Ажурирај: 03 Март 2022
ТЕЛ АБЈАД
Терористичката група ЈПГ/ПКК киднапира и регрутира уште четири деца во Алепо, северна Сирија, соопштија денеска локалните извори.
„Децата на возраст 14 - 16 години биле регрутирани во регионот Ајн ал Араб“, велат изворите за Агенција Анадолија (АА).
Терористите ја киднапираа 14-годишната Севсен Дервиш и 16-годишната Нисрин Хабас од селото Ешме на 26 февруари.
Тие, исто така, ги киднапираа и 14-годишниот Мухамед и 14-годишниот Дијар Мухамед од селото Ал Хаџиб на 28 февруари.
Терористичката група киднапирала најмалку 19 деца помеѓу 1 октомври и 15 декември минатата година, според извештајот на Сириска мрежа за човекови права (SNHR), објавен на 16 декември.
Регрутирањето и експлоатацијата на деца од страна на терористичката група во земјата погодена од конфликт, исто така беа забележани во извештаите на ОН.
На 16 јануари 2020 година, Советот за човекови права на ОН ги сподели извештаите дека терористите на ЈПГ/ПКК ги користат децата како борци во Сирија.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.