Burak Karacaoğlu,Eşref Musa
08 Јануари 2018•Ажурирај: 08 Јануари 2018
ИДЛИБ (АА) - По четирите експлозии во центарот на Идлиб, Сирија, бројот на загинати се зголеми на 32 лица, додека бројот на повредени изнесува над 100 лица, јавува Anadolu Agency (AA)
Мустафа Хаџ Јусуф, раководител на Цивилната заштита на Идлиб, за АА изјави дека од вчерашните напади што се случија во центарот на Идлиб, каде што се наоѓаат голем број цивилни објекти и автомобили, бројот на загинати се искачи на 32, а над 100 лица се повредени.
Јусуф истакна дека причинета е голема материјална штета на објектите, додека над 50 возила се оштетени.
Надлежните тврдат дека постои можност експлозиите да се активирани со автомобил-бомба.
Војната во Сирија започна во март 2011 година, а Идлиб е едно од подрачјата каде што се вршат најголем број напади, и покрај тоа што на состанокот во Астана, одржан во септември 2017 година, беше договорено ова подрачје да биде едно од зоните без судири.