Emel Öz Gözellik
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во зградата на Трамп (Trump Tower) во американскиот град Њујорк изби пожар во кој се повредени две лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Екипите на противпожарната служба на Њујорк соопштија дека причината за пожарот во Трамп Тауер е системот за климатизација, додавајќи дека во несреќата се повредени две лица.
Пожарот избувнал во раните утрински часови во горниот дел на зградата.
Противпожарните екипи го изгасиле пожарот.
Во зградата има луксузни апартмани и деловни простории.