Fuat Kabakçı
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
ПЕКИНГ (АА) - Пронајдено е тело на член на екипажот на танкерот Санчи, а се трага по уште 31 член на екипажот кои исчезнаа по поморската несреќа којашто во саботата се случи во Кина, јавува Anadolu Agency (AA).
Несреќата се случи во сабота при судир на танкер со товарниот брод CF Crystal во делтата на реката Јангцекјанг, по што на иранскиот танкер избил пожар.
Екипажот на танкерот се состоел од 30 Иранци и двајца државјани на Бангладеш.
Претходно беа спасени 21 член од екипажот на CF Crystal, кои потоа беа пренесени во пристаништето Лухуашан во Шангај.
Во тек е акцијата за чистење на нафтата која по несреќата се излеа од танкерот во морето. Кина на местото на несреќата испрати четири брода и три чамци, а Јужна Кореја еден брод и хеликоптер. Во акцијата се вклучи и авион на американската морнарица кој пребара подрачје со површина од 12.350 квадратни километри.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Кина, Лу Канг, изјави дека се обидуваат да го утврдат идентитетот на лицето чие тело е пронајдено.
Портпаролот Лу им се заблагодари на земјите кои дадоа поддршка во спадувачката операција, додавајќи дека се прави сѐ што е можно во спроведувањето на акцијата за спасување, но дека операцијата е отежната поради неповолните временски услови.