Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Hacer Başer
08 Јануари 2018•Ажурирај: 09 Јануари 2018
КУДС (АА) - Израелците кои ги напаѓаат Палестинците и им нанесуваат штета на нивните имоти на Западниот Брег, кој е под окупација на Израел, не добиваат никаква казна, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелската организација за човекови права „Yesh Din” објави извештај во кој се вели: „Постојат податоци дека израелските официјални претставници се толерантни кон израелските напаѓачи кои ги напаѓаат Палестинците”.
Во извештајот се опфатени 1.200 досиеја во врска со нападите врз Палестинци на Западниот Брег извршени од 2005 година наваму. Во него се истакнува дека казни се доделени само во 3 отсто од случаите, додека 8,1 отсто од случаите се затворени уште во подготвителната фаза.
Во извештајот се наведува и дека Израел, како една сила која под окупација го држи Западниот Брег, потребно е да ги штити правата и на Палестинците.„Израелското раководство не презема ништо за да ги спречи нападите врз палестинското цивилно население”, се додава во извештајот.
Западниот Брег од 1967 година се наоѓа под окупација на Израел, а во ова подрачје живеат над 400.000 еврејски доселеници. Според меѓународното право, сите еврејски населби во ова подрачје се илегални.