Ruslan Rehimov
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
БАКУ
Во артилерискиот напад од ерменската Армија врз азербејџанските населби и покрај привремениот прекин на огнот, животот го загуби уште еден цивил, со што вкупната бројка на цивили што ги загубија животите се зголеми на 43, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното јавно обвинителство на Азербејџан преку писмено соопштение истакна дека денес во утринските часови ерменската Армија со артилериско оружје ја нападнала областа Тертер.
Како резултат на нападот, животот го загуби Адалет Ахундов (51), кој живееше во населеното место Нарли.
Бројот на азербејџански цивили што ги загубија своите животи во нападите на Ерменија се искачи на 43.
Ерменија и Азербејџан за време на разговорите одржани во Москва се договорија за хуманитарен прекин на огнот поради размена на починати и затвореници од Нагорно Карабах, што стапи на сила на 10 октомври.