Прескокни на главната содржина
logo
logo
  • СВЕТ
  • ТУРЦИЈА
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ЖИВОТ
Türkçe
English
BHSC
Pусский
Français
العربية
Kurdî
کوردی
Shqip
فارسی
македонски
Bahasa Indonesia
Español
свет

Аксој: „Неодамнешните изјави на САД за Источниот Медитеран се недоследни“

„Не е Турција таа што ги ескалира тензиите во Егејското Море и Источниот Медитеран, туку Грција и кипарските Грци“, истакна портпаролот на турското МНР, Хами Аксој
Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
Аксој: „Неодамнешните изјави на САД за Источниот Медитеран се недоследни“

АНКАРА

Турција вчера силно ја отфрли неодамнешната изјава на Соединетите Американски Држави (САД) за истражувачките активности на земјата во Источен Медитеран, велејќи дека тоа претставува сериозна недоследност, јавува Агенција Анадолија (АА).

„За САД е сериозна недоследност да ги критикуваат истражувачките активности на бродот за истражувачки активности Оруч Реис, извршени во континенталниот гребен на Турција, бидејќи САД претходно рекоа дека Мапата од Севиља, со која малите грчки острови во близина на турскиот брег се гледаат како да имаат големи континентални гребени, нема легална важност“, соопшти портпаролот на Министерството за надворешни работи, Хами Аксој.

Аксој понатаму истакна дека истата недоследност се забележува и меѓу изјавите на некои земји на ЕУ.

Соопштението е објавено кратко откако портпаролот на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус, ја опиша анкетната активност на Турција во Источниот Медитеран како „провокација“.

„Не е Турција таа што ги ескалира тензиите во Егејското Море и Источниот Медитеран, туку Грција и кипарските Грци“, додаде Аксој.

Тој, исто така, рече дека Министерството ги споделило со јавноста „активностите на Грција што ги зголемиле тензиите од 12 септември“.

„Обновените напори на „Оруч Реис“ во Источниот Медитеран ќе бидат во рамките на турскиот континентален гребен на стотици километри од грчкото копно“, соопшти во понеделникот Министерството за надворешни работи на Турција.

Во соопштението се повикува Грција да ги повлече своите максималистички тврдења, да стави крај на воените вежби што ги зголемуваат регионалните тензии и да воспостави искрен дијалог преку разговорите за истражување.

Во август, Турција продолжи со истражувања на енергетските ресурси во Источниот Медитеран, откако Грција и Египет потпишаа спорен договор за одредување на поморската граница.

Прогласувајќи го грчко-египетскиот договор за неважечки, Турција наложи бродот „Оруч Реис“ да ги продолжи своите активности во рамките на турскиот континентален гребен.

Турција континуирано се спротивставува на напорите на Грција за прогласување ексклузивна економска зона врз база на малите острови во близина на турскиот брег.

Анкара, исто така, нагласи дека енергетските ресурси во близина на Кипар мора да бидат поделени праведно помеѓу Турската Република Северен Кипар (ТРСК) и администрацијата на кипарските Грци на Јужен Кипар.

related_topics:
Хами АксојТурцијасеизмички истражувањаоруч реисисточен Медитеран
news_share

news_share_descriptionsubscription_contact

subscription
logo

Reporting the Changing World

next-sosyalX/TwitterFacebookYouTubeInstagram

КОРПОРАТИВНО

  • Историја
  • Таг
  • Систем на управување со квалитетот
  • Принципи на објавување
  • Политика на социјалните медиуми
  • Медиа центар
  • Политика за приватност и веб-колачиња
  • Политика на правилно информирање
  • RSS

КОМУНИКАЦИЈА

  • Контакт
  • Барање за претплата

Anadolu Ajansı © 2026

Google PlayApp Store
Војна САД/Израел-Иран
Ормуски Теснец
Трамп
Претходно
Следно
Претходно
Бројот на загинати азербејџански цивили во нападите на Ерменија се зголеми на 43

Бројот на загинати азербејџански цивили во нападите на Ерменија се зголеми на 43

Следно

Благодарение на турската операција „Извор на мирот“, илјадници сириски цивили се вратија во своите домови

Благодарение на турската операција „Извор на мирот“, илјадници сириски цивили се вратија во своите домови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

„Кралот на цитрусите“ од Тунис: Тезга што стана туристичка атракција

Љубов посилна од болест: По 63 години заедништво, во ист ден на операција и повторно на нозе

Детство меѓу депонии: Суровата реалност на децата во Газа што растат меѓу урнатините

Украдени личните податоци на речиси сите жители во холандскиот град Епе во кибернапад

Словачката министерка Сакова: „Дружба“ повторно стартуваше со испорака на руска нафта

Советот на црквите на Блискиот Исток: Вандализмот на израелскиот војник врз статуата на Исус не е неочекуван

Синдикатот на новинари: Дваесет и седум медиумски работници убиени во израелските напади врз Либан

Погледни сè

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во акција на турската полиција убиени седум, а уапсени 12 терористи на ИСИС

Во акција на турската полиција убиени седум, а уапсени 12 терористи на ИСИС

Крајбрежните сили на Турција спасиле сириски бегалци чиј чамец го дупнале припадници на грчите крајбрежни сили

Крајбрежните сили на Турција спасиле сириски бегалци чиј чамец го дупнале припадници на грчите крајбрежни сили

Турција ги згрижува Туркмените кои ги напуштаат домовите во Сирија

Турција ги згрижува Туркмените кои ги напуштаат домовите во Сирија

Турција: Во акција против ДАЕШ приведени 11 лица

Турција: Во акција против ДАЕШ приведени 11 лица

Шестмина војници повредни во напад во источна Турција

Шестмина војници повредни во напад во источна Турција

Турција го повика рускиот дипломатски претставник поради соборувањето на воениот авион

Експерти: Соборувањето на рускиот авион „во согласност со меѓународниот закон“

Експерти: Соборувањето на рускиот авион „во согласност со меѓународниот закон“

Објавен тонски запис со предупредувањата дека рускиот воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција

Објавен тонски запис со предупредувањата дека рускиот воен авион го нарушил воздушниот простор на Турција

Рускиот пратеник Гудков против дискриминацијата на Турците во Русија

Рускиот пратеник Гудков против дискриминацијата на Турците во Русија

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи

Ердоган за односите на Турција и Русија: Играта со оган на никого не му користи