Büşra Selvi Öğütcen
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
АНКАРА
Откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан, новиот тип коронавирус (Ковид-19) бргу се прошири низ светот, преминувајќи во пандемија. Досега Ковид-19 е детектиран кај 38.370.434 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Интернет-страницата „Worldometer“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот, објави дека на глобално ниво досега од последиците предизвикани од заразеност со коронавирусот починале 1.090.921 лице.
Бројката на лица кај кои е детектиран Ковид-19 на светско ниво изнесува 38.370.434, додека од коронавирусот досега оздравеле 28.853.981 заразен. Сѐ уште во тек е лекувањето на 8.425.532 активни случаи на заразеност со вирусот.
Во САД, каде што се откриени најголем број лица заразени со коронавирусот и каде што има најголем број смртни случаи во светот, детектирани се 8.090.253 лица позитивни на Ковид-19, додека од последиците на заразеност со вирусот животот го загубија 220.873 лица.
Земји во светот, покрај САД, во кои бројката на заразени е поголема од 300.000 се:
Индија (7.239.389), Бразил (5.114.823), Русија (1.326.178), Шпанија (925.341), Колумбија (924.098), Аргентина (917.035), Перу (853.974), Мексико (825.340), Франција (756.472), Јужноафриканска Република (694.537), Велика Британија (634.920), Иран (508.389), Чиле (484.280), Ирак (409.358), Бангладеш (381.275), Италија (365.467), Филипини (344.713), Индонезија (340.622), Саудиска Арабија (340.089), Турција (338.779), Германија (335.679) и Пакистан (320.463).
Земји во светот, покрај САД, во кои бројот на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 надминува 10.000 се:
Бразил (151.063), Индија (110.617), Мексико (84.420), Велика Британија (43.018), Италија (36.246), Перу (33.419), Шпанија (33.204), Франција (32.942), Иран (29.070), Колумбија (28.141), Аргентина (24.572), Русија (22.966), Јужноафриканска Република (18.028), Чиле (13.396), Еквадор (12.235), Индонезија (12.027) и Белгија (10.244).