Sayed Khodaiberdi Sadat
14 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
КАБУЛ
Девет лица го загубија својот живот во срушувањето на двa воени хеликоптерa во авганистанската јужна покраина Хелманд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за одбрана на оваа земја.
Во соопштението се наведува дека двa воени хеликоптерa од типот „Ми-17“ на Авганистанските воздухопловни сили се срушиле веднаш по полетувањето од подрачјето на Наве во Хелманд.
Според ова соопштение, хеликоптерите се срушиле поради технички дефект, а во несреќата смртно настрадале девет лица.
Очевидците тврдат дека два хеликоптера, кои од подрачјето на Наве зеле повредени војници, се судриле веднаш по полетувањето, и дека во несреќата загинале над 10 војници.