Büşra Selvi Öğütcen
14 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
АНКАРА
Во изминатите 24 часа од последиците предизвикани од коронавирусот во Индија починаа 730 заразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека вкупниот број смртни случаи предизвикани од Ковид-19 во земјата е зголемен на 110.586.
Само во последното деноноќие во Индија се потврдени уште 63.509 нови случаи на коронавирусот, со што бројката на заразени од почетокот на пандемијата во земјата се зголеми на 7.239.389 милиони.
Од почетокот на епидемијата оздравеа 6.301.927 милиони луѓе.
Според веб-страницата „Worldometer“, каде што се собираат податоците за Ковид-19, Индија е втора земја во светот според бројот на случаи.