Ruslan Rehimov
14 Октомври 2020•Ажурирај: 14 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Азербејџанската Армија ги уништи балистичките ракетни системи на Ерменија, која се подготвуваше за напади врз цивилни населби, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Азербејџан се наведува дека едниот од двата системи на балистички ракети распореден во Ерменија е уништен во 1:00 часот по локално време, а другиот во 8:36 часот.
Се истакнува дека со уништените ракети се подготвувал напад врз цивилните населби во Азербејџан и затоа тие станале законска цел на азербејџанската Армија и покрај тоа што се распоредени на територијата на Ерменија.
- Нападите на ерменската Армија се одбиени -
Меѓу другото, во соопштението се истакнува дека синоќа ерменските сили извршиле напади во правец на Агдере, Агдам, Фузули, Џебраил и Хадрут, со цел повторно да ги окупираат изгубените позиции.
Исто така се наведува дека азербејџанската Армија уништила 5 тенкови од типот „T-72“, 3 ракетни системи „Град“, 1 противавионски ракетен систем „ОСА“, 1 блиндирано возило за пешадија „БМП-2“, 2 хаубици од типот „Д-30“ и неколку возила.
Во соопштението се додава дека ерменската Армија со артилериски оган ги нападнала областите Тертер, Агдам и Акџабеди и дека азербејџанската Армија презела превентивни мерки.