Sayed Khodaiberdi Sadat
22 Јули 2020•Ажурирај: 22 Јули 2020
КАБУЛ
Во напад на талибанци врз полициска станица во Кандахар, Авганистан, загинаа седум полицајци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на полицијата на Кандахар, Џамал Насир Баракзаи соопшти дека милитантите извршиле напад врз полициска станива во Мелид Пуру во подрачјето Тахта Пул.
„Во нападот загинаа седум полицајци, а еден е ранет", изјави Баракзаи. Тој додаде дека во судирот кој избил и талибанците претпреле штета.
Талибанците не се огласија во врска со овој случај.