Ali Cura
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
МОСКВА
Во Русија со коронавирусот (Ковид-19) заразени се вкупно 789.190 лица, додека бројката на починатите лица од последиците на заразувањето е зголемена на 12.745, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за спречување и контрола на заразувањето со коронавирусот во Русија соопшти дека во последните 24 часа, инфекцијата на Ковид-19 е потврдена кај уште 5.862 лица, односно вкупно 789.190.
Во последните 24 часа во таа земја се потврдени 165 смртни случаи, односно вкупно 12.745, додека бројот на опоравени е повисок за 9.669 и моментално изнесува 572.053.
Стапката на пораст на новозаразените на дневно ниво од 0,8 отсто падна на 0,7 отсто, додека 25,9 отсто новозаразени се асимптоматични.
Кабинетот за заштита на правата на потрошувачите и здравјето на луѓето соопшти дека во Русија на присуство на коронавирусот во последните 24 часа се извршени околу 255.000 тестирања, односно вкупно повеќе од 25,7 милиони.
Првиот случај на коронавирусот во Русија забележан е на 31 јануари, а првиот смртен случај на 19 март. Мерките, преземени со цел спречување на ширењето на коронавирусот, ублажени се на подрачјата каде е забележан пат на заболените.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.