Deniz Çiçek Palabıyık
22 Јули 2020•Ажурирај: 23 Јули 2020
АНКАРА
Сите аеродроми во Турција, која води ефикасна борба против пандемијата на Ковид-19, се сигурни за патниците, изјави Хусеин Кешкин, директорот на Државната агенција за аеродромите на Република Турција (DHMI), јавува Агенција Анадолија (АА).
Тој истакна дека се придружиле на Договорот за воздухопловна индустрија за институциите на ЕУ, пред се Европската агенција за безбедност на воздушниот сообраќај (EASA) и Европскиот центар за спречување и контрола на болестите (ECDC), да објават дека сите аеродроми во Турција се безбедни за патниците.
Кешкин преку Твитер објави дека аеродромите во Турција водат многу ефикасна борба против понатамошното ширењето на пандемијата.
„Мерките кои ги презедовме на нашите аеродромите во рамките на проектите 'Мерки на претпазливост против пандемијата и сертификација' и 'Covid19 Free Airports' ќе бидат најдобар показател на европските воздухопловни институции“, изјави Кешкин.
Тој истакна дека со EASA ќе ги сподели податоците, знаењето и искуствата за да се анализираат сите ефекти на мерките преземни на турските аеродроми за време на пандемијата.
„Ова исто така ќе помогне мерките кои се преземени да се прошират или ублажат во случај на потреба. Во светло на овие искуства, нашите гости на аеродромите ќе се чувствуваат пријатно и удовно, знаејќи дека одлучно ги спроведуваме сите потребни мерки како што се физичко растојание и постојана дезинфекција“, изјави Кешкин.
Според податоците на Министерството за здравство, во Турција досега од Ковид-19 се излекувани 204.011 лица.
Бројот на заразените во целата држава изнесува 221.500, бројот на смртни случаи 5.526, а досега се извршени над 4,36 милиони тестирања на Ковид-19.