Emre Aytekin
13 Септември 2017•Ажурирај: 14 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Тројцата астронаути кои тргнаа на пат за да ѝ се придружат на екипата во Меѓународната вселенска станица (ИСС), стигнаа до своето одредиште, јавува Anadolu Agency (AA).
Американската Национална администрација за аеронаутика и вселена (НАСА) соопшти дека американските астронаути Марк Ванде Хај и Џозеф Акаба, и рускиот космонаут Александaр Мисуркин стигнале до Меѓународната вселенска станица.
Екипажот во утринските часови полета од воздушната база Бајконур во Казахстан.
Хај, Акаба и Мисуркин им се придружија на американскиот астронаут Ренди Бресник и на инженерите, Русинот Сегеј Разјански и Италијанецот Паоло Несполи.
Екипата во наредните четири месеци ќе изврши повеќе од 250 тестирања во областа на биологијата, гравитацијата, човечката физиономија, синтетичките материјали и слично.
Бресник, Разјански и Несполи во декември треба да се вратат на Земјата, а новите членови на станицата ќе престојуваат до февруари 2018 година.