Gamze Türkoğlu Oğuz
21 Септември 2017•Ажурирај: 21 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Во астероидниот појас помеѓу Марс и Јупитер во Сончевиот систем, за првпат се откриени две вселенски карпести тела, со речиси еднаква маса и големина, кои орбитираат едно околу друго формирајќи таканаречен систем на бинарен астероид, јавува Anadolu Agency (AA).
Деталите за откритието, до коишто дојдоа научниците од германскиот Институт за истражувања на Соларниот систем „Макс Планк“, со помош на вселенскиот телескоп Хабл, објавени се во списанието „Нејчр“ (Nature).
Се истакнува дека двата астероида со карактеристики на комета, со приближно еднаква маса и големина, во времето кога се откриени орбитирале еден околу друг на меѓусебно растојание од околу 100 километри.
Бинарниот астероид е познат под називот „288P“.
Според соопштеното, „288P“ е првиот астероиден пар што се класифицира како комета.
Научниците претпоставуваат дека бинарниот астероиден систем постои само 5.000 години.