ЗАГРЕБ (АА) - Женскиот хор Булбули, кој веќе дваесет години е предводен од страна на Исмет Куртовиќ, го издадоа својот втор албум „Севдахот на Хасан-ага". Хорот Булбули е хрватскиот чувар на севдалинките во кои најчесто пеат за нивната Босна и Херцеговина. Пеејќи ја севдалинката, овој хор го има пропатувано поголемиот дел од земјите во регионот но и пошироко. Меѓу другите, хорот Булбули освен во Хрватска и БиХ, настапувал и во Македонија, Црна Гора, Словенија и Чешка, пишува Anadolu Agency (AA).
Булбули е мултиетнички хор кој работи во Културното друштво (КД) на Бошњаците и во моментов има 29 постојани членови; девојки, мајки и баби. Булбул е збор со арапско потекло и значи славеј птица.
Исмет Куртовиќ е нивниот водач, диригент, аранжер и продуцент, основач и движечка сила на Булбул, кој многу време, енергија и искуство вложил во издавањето на овој втор албум.
Станува збор за музичар кој пред сè со својот уникатен глас, ја обележа рок-музиката во поранешна Југославија преку групите Друг начин, Немир, Око, Зефир, итн, а автор е и на химната „На мојата драга БиХ".
„Главната работа што ја работиме во Препород е да ја зачуваме традиционалната песна на Босна и Херцеговина. Веќе со првиот албум, кој имаше симфо рокерски стил, наидовме на добар прием кај публиката", вели Исмет Куртовиќ.
Булбулите постојат веќе дваесет години и низ хорот досега имаат поминато многу пејачи. Првично имаше само четири девојки и Куртовиќ, а со години хорот напредуваше и растеше.
Куртовиќ се обидува да го извлече максимумот од секој пејач и како што вели, изразот на сржта на севдалинките, внимавајќи изведбата да не премине премногу во импровизација.
Новиот албум „Севдахот на Хасан-ага" беше поставен како врска помеѓу хор и соло пејачи, така што на албумот пеат осум пејачи. Куртовиќ го гледа ова како потреба севдалинките да се слушнат соло гласовите, за да покаже интимноста и осаменоста.
Булбули имаат редовни проби во просториите на КД Препород, а овие недели интензивно се подготвуваат за промоција на новиот албум кој ќе се одржи на 22 ноември во Малата сала К.Д. Лисински.
„Мојата желба беше да го вратам старото име на песната Хасан-агин севдах, бидејќи ја знам оваа песна во изведба на Химзо Половина. Таа обично е кратена и таа не го заслужува тоа", вели Куртовиќ објаснуваќи дека во медиумите денеска не се застапени песни коишто траат подолго, но без оглед на тоа, тој решил песната да трае девет минути и триесет и две секунди.
Куртковиќ објаснува дека сите песни на албумот се севдалинки, освен песната Мито Бекријо, за која познавачите на музиката тврдат дека е напишана во манир на врањанската музика.
Албумот визуелно е убаво опремен и богата со фотографии, започнува со воведните зборови на Сеад Mухамедахиќ, преведувач, поет и истакнат уметник и познавач на севдалинките, кој зборува за албумот, но исто така и за севдалинките воопшто.
Последната, бонус трака на албумот е единсвениот новитет на албумот а претсавува авторска песна под наслов Ajваз дедо од босанските води и е посветен на Ајватовица, исламски храм стар петстотини години.
Сите други песни се обработка на повеќе или помалку познати песни кои публиката на балканските простори ги знае.
Албумот кој е аранжерски богат, внесе дух на модерното и традиционалното, притоа ненарушувајќи ја изворноста и чистотата на севдалинките.
Членовите на Булбул на настапите се облечени во во темно зелени фустани, така што покрај пријатните звуци, тие исто така имаат визуелна изедначеност.
Сабина Абдурахмановиќ, родена во Босанска Костајница, а која во Загреб е од почетокот на студиите во 1971 година, во Булбул е веќе десет години. Сабина хумористично се осврнува на епитетот на женскиот хор, бидејќи нивната просечна возраст е шеесет години.
„Оној што нѐ слуша може да каже: „Ах, вие сте стари, но пеете многу убаво!", вели Сабина, која се сеќава на многу пријатните искуства од настапите со Булбули.
„Јас не би зборувала за кариерата, ние сме тука за уживање. Обично нѐ повикуваат оние на кои би им го вратиле духот на младоста и детството, од местото од кое доаѓаат", вели Сабина.
Бубулби го има пропатувано поголемиот дел од Хрватска, патувал во БиХ, Црна Гора, Македонија, Словенија и Чешка.
Еден од помладите членови на Булбул Енис Мејер, по потекло од Приједор, за Булбул наоѓа време заедно со другите животни обврски и пеењето во хорот гледа како момент на мир и релаксација.
„Она што ме привлече кон Булбул е токму босанската севдалинка, босанскиот копнеж, песна полна со меланхолија и љубов. Општо земено, севдалинката го слави животот, без разлика дали е тага или среќа. Пеејќи ги севдалкинките, ние често пееме за нашата Босна, за нашиот живот предходно и денес", рече Ениса.
Како и нивните мајки и баби, членовите на Булбул пеат додека работат, а нивниот труд и заложба во зачувување и развој на севдалинките во Хрватска може да биде пример за односот кон традицијата на сопствениот народ.
news_share_descriptionsubscription_contact


