СКОПЈЕ (АА) - Фуркан Абдула -
Во рамките на музичкиот фестивал Скопско лето, како гостин на турскиот културен цетар, Институтот „Јунус Емре“ во Скопје допатува музичарот Омер Фарук Текбилек, кој со свој настап ќе го отвори овој културен настан.
Во разговор за Anadolu Agency (AA), турскиот музичар и композитор, Омер Фарук Текбилек, зборуваше за почестоците и развојот на неговата кариера, за музиката и уметноста воопшто.
„Посакувам на луѓето кои ги посетуваат моите концерти насекаде во светот, преку музиката што ја компонирам да им го пренесам мирот од својата душа", вели Омер Фарук Текбилек.
Тој изјави дека со музиката се запознал уште од своето рано детсвто. Испирацијата ја добил од своите двајца постари браќа, кои го вовеле во музиката на 11-годишна возраст.
Текбилек на почетокот од разговорот истакна дека на 16-годишна вораст, пред да се пресели во Истанбул, сериозно напредувал во познавањето на музиката, и два дена по доаѓањето во градот нашол работа како кавалџија настапувајќи со музичарот Ахмет Сезгин.
Овој музички уметник вели дека во текот на 9 години, додека настапувал на музичката сцена во Истанбул, имал можност да свири со голем број познати музичари, како што се Ахмет Сезгин, Јилдирај Чинар, Хури Сапан, Мине Кошан. Работејќи во студијата со познатите музичари, стекнал големо искуство, и во 1976 година се сели во Америка.
Во разговорот, Текбилек открива дека две години по преселбата во Истанбул, почнува да свири на инструментот „неј“, којшто е многу посовршен од кавалот, а покрај нејот свири и на инструментот саз.
- Училиштето го напуштив, но учењето не го напуштив
По завршувањето на основното образование, Текбилек го продолжува образованието во средното училиште за веронаука, но поради лошата финансиска состојба, бил принуден да го напушти школувањето.
„Училиштето го напуштив, но секогаш велам дека, фала му на Бога, учењето никогаш не го напуштив. Постојано самиот се унапредував. Затоа, основата што ја стекнав во средното училиште по веронаука, духовноста, придобивките и благословот на учењето, од духовен аспект, ги користев во текот на целиот мој живот.
Текбилек вели дека неговата духовност, исламот, познавањето на верата и тоа што секогаш гледа на настаните со љубов кон човештвото, како и интересот кон суфизмот, серизно влијаеле врз неговиот музички живот.
Истакна дека најголемото значење на инструментот неј е што тој го пренесува копнежот кон Бога, и додава дека овој инструмент наликува на човек.
„Се подразбира дека суштински тука е здивот, бидејќи во нашиот здив 'ху' во нејот, се содржи името Господово. Севишниот го вметнал името Хак во нашиот здив. И кога земаме воздух и кога издишуваме, ние велиме 'ху'. Поради задоволството и благословот на тоа 'ху', себеси секогаш се сметав за среќник“, вели музичарот.
Текбилек посочи дека може да свири на инструментите неј, саз, кавал, зурла, уд и на сите останати ритмички алатки, но за него нејот има посебно значење.
- „Кога свириме музика, нашите души се соединуваат“
Текбилек вели дека кога се свири музика, нашите души се соединуваат. „Тоа е така бидејќи во текот на целиот мој живот соработувам со Ерменци, Курди, музичари од Иран, од Грција, и сите ние ниту во еден момент не бевме засегнати од национализмот. Ние самите, како луѓе, меѓусебно се почитувавме. Затоа велам дека кога свириме музика, обвивката исчезнува и нашите души се соединуваат“, вели Текбилек.
Тој вели дека кога Господ им го преставил Куранот на луѓето, во тоа немало национализам, и според него, национализмот е човечка творба, од којашто тој се ослободил благодарение на музиката. Текбилек истакна дека музиката е јазик што е заеднички за сите луѓе.
Музичарот истакна дека посакува преку музиката што ја компонира, на луѓето кои ги посетуваат неговите концерти насекаде во светот да им го пренесе мирот од неговата душа.
Во мај годинава излезе последниот албум на Текбилек, насловен „Love is My Religion“ (Љубовта е моја религија). Тој ги цитирај зборовите „Кажувајќи мое е, а не твое, заборавивме да велиме ние, го исушивме погледот на љубовта што цвета во нашите души, копнежот Господов го запревме во нашиот здив, а игнорирајќи го, заборавивме на гласот што доаѓа од нашите срца“, и испраќа порака до луѓето да велат „ние“, бидејќи е потребно да се поттикне сомилоста.
- Голема е користа од конзерваториумите
За состојбата на музичката сцена во Турција, Текбилек вели:
„Во суфизмот велат ‘сите честички се брзи, секоја честичка се движи, итаат и подзапираат кон совршенството’. Тоа значи дека развојот нема рикверц, дури нема ниту кочници. Тој може да биде многу бавен, но сепак се движи во правец кон развој. Движењето кон развој понекогаш забавува, понекогаш застанува, изглада како да запрело, а всушност тие моменти се акумулација за скок нанапред. Доколку на тоа гледаме од аспект на историскиот тек во Турција, ова е последица од периодот на Републиката, иако тој беше многу продуктивен во 70-тите години на минатиот век. Потоа, со доаѓањето на модернизмот, во периодот меѓу 70-тите и 2000-тата, имаше период на повлекување, но потоа почна полека, полека да оди напред. Има уште едно нешто што сигурно беше од голема корист, а тоа е отворањето на конзерваторимуите, што се случи по 1975 во Турција. И денес имаме големи резултати од тоа“.
Текбилек посочи дека доколку сакате да ја разберете културата на еден народ, тогаш треба да ја чуете музиката на тој народ.
Тој истакна дека во изминатите години одржал концерт во Босна и Херцеговна, повеќепати во Грција, а за првпат ќе се појави пред публиката во Македонија.
За музиката што ја изведува, Текбилек вели дека инспирација добива од нештата во тој момент, и додава дека уште од својата младост не прави планови за иднината, и дозволува музиката да му го трасира патот.
- Во животот, како пример го земам божјиот пратеник Мухамед
Уметникот Текбилек вели дека како идеал и пример во својот живот го зел примерот на божјиот пратеник Мухамед.
Во музички правец, како најважен водич, Текбилек го посочува неговиот прв учител. „Тој беше основата, а потоа дојдов во Истанбул. Музичарот Орхан Генџебај беше телото на моето стебло, бидејќи научив да компонирам. Орхан Генџебај во музиката е мојот најголем идеал, но истовремено и како човек“, истакнува Текбилек.
За Орхан Генџебај, кого го гледа како свој идеал, Текбилек вели:
„Никого не би повредил. Срцето му е полно со сочувство. Многу е оптоварен, но и полн со знаење. Од тој аспект, за мене Орхан Генџебај е еден од луѓето на кои им се вохитувам, човек кој може да се земе како пример за идеал“.