Admir Fazlagic
22 Јуни 2017•Ажурирај: 22 Јуни 2017
СКОПЈЕ (АА) – Со концерт на познатиот турски музичар и композитор Омер Фарук Текбилек и неговиот оркестар вечерва во Македонската опера и балет започна 38. издание на фестивалот „Скопско лето", јавува Anadolu Agency (AA).
Културната манифестација „Скопско лето" ја организира Дирекцијата за култура и уметност – Скопје, под покровителство на Град Скопје и Министерството за култура, а вечрашниот концерт на турскиот музичар е организиран во соработка со турскиот културен центар - институтот „Јунус Емре" во Скопје.
По тој повод, присутните ги поздрави заменик директорот на турскиот културен центар „Јунус Емре" во Скопје, Фуат Коркмаз, претставувајќи го музичарот Омер Фарук Текбилер како еден од најдобрите и најистакнатите турски музичари во светот, кој, како што рече, со својот „јазик на музиката" ги соединува луѓето.
Фестивалот за отворен го прогласи, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, потенцирајќи дека Скопје со децении наназад вложува напори да го одржи музичкиот фестивал „Скопско лето", по кој градот Скопје и Република Македонија се препознатливи, бидејќи, како што рече, на оваа музичка манифестаиција настапуваат многубројни музичари од земјата и различни земји од светот.
Во повеќе од двачасовниот настап на Текбилек и негиовиот оркестар уживаа присутните љубители на музиката во преполната сала на Македонската опера и балет и со аплауз и овации ги проследуваа интерпретациите на турскиот музичар од светски ранг.

На вечерашниот концерт Текбилек изведе песни од своите албуми, илахии и народна музика. Омер Фарук Текбилек е мајстор на традиционалниот инструмент 'неј', а свири и на различни традиционални духовни инструменти.
Претходно организаторите на фестивалот, претставувајќи го музичарот Текбилек, истакнуваа дека тој е вистинската личност којашто не само со својата музика, туку и со својата личност, интелектуалност, персоналитет ќе ги обележи сите идни години во градот.
Фестивалот „Скопско лето 2017“ започна вечерва, а ќе трае до 31 јули, при што граѓаните ќе имаат можност да следат разни настани, изложби, театарски претстави и концерти, во кој ќе настапат познати имиња во областа на музиката.
Инаку, манифестацијата „Скопско лето“, која нуди богата програма со многу настани од различни сегменти од културата. На културните настани во рамките на оваа манифестација настапуваат локални изведувачи, како и други изведувачи од балканските земји и пошироко.