Bayram Altuğ
05 Декември 2020•Ажурирај: 06 Декември 2020
ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарија ја ажурираше листата на „ризични земји“ за ограничување на патувањата, со цел да го спречи ширењето на епидемијата на новиот вид коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Од Федералниот завод за здравство наведено е дека ограничувањата за патување се воведени за 12 земји и за поголемиот дел на Италија и Австрија.
Наведено е дека Северна Македонија, САД, Хрватска, Грузија, Португалија, Унгарија, Полска, Јордан, Литванија, Сан Марино и Словенија се додадени на списокот на „ризични земји“.
Владата најави дека лицата што влегуваат во Швајцарија од наведените земји по 6 јули ќе бидат ставени во карантин 10 дена.
Во Швајцарија, оние што не се придржуваат на карантинот, се изложени на големи казни.
Во изминатите 24 часа во земјата откриени се 4.382 нови случаи на вирусот, а како последица од него починаа 101 лице.
Досега во Швајцарија се регистрирани 344.497 случаи на Ковид-19, а починаа 4.848 лица.