Doğa Kırmızıoğlu
02 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Четворица фудбалери на францускиот фудбалски клуб Париз Сен Жермен (ПСЖ), меѓу кои и аргентинската ѕвезда Лионел Меси, се заразени со Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на клубот, Меси, Хуан Бернат, Серхио Рико и Нејтан Битумазала биле позитивни на овој вирус и веќе се во изолација.
Меси на почетокот на сезоната беше трансфериран во ПСЖ, со чиј дрес во лигата одигра 11 натпревари и постигна еден погодок, додека во Лигата на шампионите постигна 5 погодоци.