Furkan Abdula
02 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 246 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 225.730, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 3 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.975.
Институтот за јавно здравје регистрира 547 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 212.927.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 4.828.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.072 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.608.232 тестирања.