Abdula Berisha
13 Октомври 2022•Ажурирај: 17 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва во Скопје започна 41-то издание на „Скопскиот џез фестивал“, известува Агенција Анадолија (АА).
Љубителите на џез музиката ќе имаат можност до 16-ти октомври да уживаат во делата на домашните и меѓународните уметници.

Директорот на фестивалот, Оливер Белопета, во својот поздравен говор истакна дека со својот иновативен пристап, "Скопскиот џез фестивал" ужива голем углед и е меѓу попознатите фестивали во светот на џез музиката.
Тој рече дека како увертира на фестивалот, вчера се прикажа документарниот филм „Лето на душата“ (Summer of soul), кој ја истакнува улогата и важноста на историјата за духовната благосостојба и претставува доказ за моќта на музиката во време на немири.

„Скопскиот џез фестивал" се одржува во Националната опера и балет, а вечерва настапија диригентот и композитор Роб Мазурек заедно со Оркестарот Фамес Чембер (Fame's Chamber Orchestra), како и домашното трио Зулу 3.4.
Фестивалот трае до недела, а свои настапи ќе имаат истакнати меѓународни и домашни музички уметници.
„Скопскиот џез фестивал" е една од водечките културни манифестации што се организираат во Северна Македонија, со традиција од 41 последователна година и со призната репутација во Европа и во светот. „Скопскиот џез фестивал" воено се вбројува и меѓу водечките џез фестивали во Европа. Фестивалот, кој е член на престижната асоцијација „Европска џез мрежа“, за првпат беше организиран во далечната 1982 година.
