Furkan Abdula
01 Јануари 2022•Ажурирај: 02 Јануари 2022
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 435 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 225.484, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 6 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.969.
Институтот за јавно здравје регистрира 534 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 212.380.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.135.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.651 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.604.163 тестирања.