Zylfije Adem Jakupi
15 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
ПРИШТИНА
Во последните 24 часа во Косово е спроведено тестирање на 7.953 примероци сомнителни на новиот вид коронавирус (Ковид-19), од кои 1.096 биле позитивни, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Последното деноноќие забележани се 4 смртни случаи, вкупно 2.284 лица од почетокот на пандемијата.
Во истиот период оздравеа 53 заразени, додека вкупниот број на оздравени се зголеми на 106.109.
Во моментов во оваа земја активни се 7.854 случаи на зараза со коронавирус.
Од почетокот на пандемијата досега извршени се 809.186 тестирања на Ковид-19, од кои 115.151 биле позитивни.