Cüneyt Karadağ
29 Април 2021•Ажурирај: 30 Април 2021
БЕРЛИН
Во Германија во последните 24 часа се забележани 24.736 случаи на заразување со коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Институтот „Роберт Кох“, наведено е дека во последните 24 часа од последиците на заразување со коронавирусот, починале 264 лица, со што вкупниот број на починати е зголемен на 82.544.
Исто така, бројот на заразени е поголем за 24.736 и изнесува 3.357.286.
Неделната инциденца, односно бројот на новозаразени на 100.000 жители, денес изнесува 154,9.
На одделите за интензивна нега, се наоѓаат 5.047 пациенти, од кои 2.874 користат респиратор.
Во земјата, првата доза на вакцина против Ковид-19 ја добија повеќе од 21 милиони лица, а втората доза повеќе од 6,5 милиони.