Zehra Nur Düz
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
БАГДАД (АА) - Здравствените официјални претставници во Ирак денес го потврдија првиот смртен случај во земјата како последица на зараза со коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Курдската регионална самоуправа (KRG) во северниот дел на Ирак се наведува дека денес во покраината Сулејманија починал 63-годишен маж, чии тестови на коронавирус биле позитивни.
Ирачките власти досега потврдија 32 случаи на заболување со Ковид-19. Минатата недела во Багдад се затворени училиштата и универзитетите на десет дена и забрането е патувањето во државите погодени со коронавирусот, во склоп на борбата против заразната болест.
Бројот на смртни случаи од зараза со коронавриус во светот надмина 3.000, додека повеќе од 89.000 се заразени.
Светската здравствена организација, која поради епидемијата веќе прогласи меѓународна вонредна ситуација, го зголеми глобалното ниво на ризик на многу високо.