Burak Bir
04 Март 2020•Ажурирај: 05 Март 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројот на починати како последица на зараза со коронавирусот во Кина се зголеми на 2.983 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина денес соопшти дека во последните 24 часа починале уште 38 лица, додека 119 нови случаи се потврдени од страна на властите, при што вкупниот број на потврдени случаи на зараза со коронавирус изнесува 80.270.
Триесет и седум од смртните случаи се случиле во епицентарот на вирусот, покраината Хубеи, и еден во автономниот регион Внатрешна Монголија.
Најмалку 36.432 лица во моментот се подложени на медицинска нега, додека бројот на отпуштени пациенти изнесува 49.856.
Коронавирусот, официјално познат како Ковид-19, се рашири во повеќе од 30 други земји, вклучувајќи ги и САД, Велика Британија, Сингапур, Франција, Русија, Шпанија и Индија.
Светската здравствена организација (СЗО) го зголеми глобалниот степен на ризик од коронавирусот (Ковид-19) од „висок“ на „многу висок“.