живот

Сенегал: Импозантно стебло баобаб му пркоси на времето веќе 18 века

Станува збор за џиновско стебло во селото Нианинг, а локалното население му припишува мистични својства

Alaattin Doğru  | 17.08.2019 - Обновена : 19.08.2019
Сенегал: Импозантно стебло баобаб му пркоси на времето веќе 18 века

ДАКАР (AA) - Алаатин Догру

Импозантното и 18 века старото стебло баобаб (адансониа дигитата) е атракција за туристите во сенегалскиот град Јоалу, а локалното население му припишува натприродна моќ, пишува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за џиновско стебло во селото Нианинг, а локалното население му припишува мистични својства и моќ.

Жителите тврдат дека старото стебло со својата грациозност и мистика на добронамерниците им нуди засолниште, а на непријателот му влева страв.

Припадниците на локалното племе Серер се погребувани во празнините на старото стебло, а таа практика во 60- тите години од минатиот век ја забранил првиот сенегалски претседател Леополд Седар Сенгхор, кој и самиот бил припадник на тоа племе.

Дебелата ладовина под старото дрво е зборно место за локалното население, а наназад неколку години е сѐ поатрактивна туристичка дестинација. Жителите отвориле и сувенирници.

Многумина во подножјето на мистичното и робусното стебло бараат лек за болести и се молат за спас и подобар живот.

Стеблото секоја година плодно раѓа, а од неговите плодови се прават различни сирупи, масла кои важат за еликсир на долговечноста.

Баобаб, кој го нарекуваат и „дрво на животот“ има и на грбот на Сенегал. „Bouye“ е сируп кој се прави од семки и плодови од тоа стебло, а локалните етнички групи веруваат дека го продолжува животот. Богат е со витамини Ц и Б6, како и со калциум и потасиум.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın