Diyar Güldoğan
01 Мај 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
КИЛИС (АА) - Два ракетни проектили рано утрово беа испукани од страна на Сирија при што повредија две лица во јужната погранична покраина Килис, соопштија локалните безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).
Според изворите кои сакаа да останат анонимни, едната ракета утрово паднала во двор во соседството Бесевлер, додека другата погодила паркинг зона во близина на улицата Џумхуријет.
Повредените беа пренесени во државната болница на Килис.
Полицијата ги зголеми безбедносните мерки во регионот.
Турција е под индискриминативен ракетен напад од Сирија уште од средината на jануари. Само во провинцијата Килис, досега загинаа 18 лица а 60 други беа повредени.