Muhammed Nuri Erdoğan
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за национална одбрана на Турција соопшти дека пет терористи на ПКК се неутрализирани од беспилотни летала во подрачјето на Авашин во северен Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството објавено на Твитер се наведува дека во областа Авашин се идентификувани пет терористи на ПКК и дека со помош на беспилотни летала тие се неутрализирани.
Исто така, се истакнува дека операциите во регионот ќе продолжат.