Gözde Bayar
05 Ноември 2019•Ажурирај: 06 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Денес во Турција се приведени вкупно 81 лице поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Обвинителите во Анкара издадоа налози за приведување на 94 осомничени лица под обвиненија дека ја користеле апликацијата за кодирани пораки Бајлок“, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на обвинителот.
„Полицијата приведе 67 осомничени лица при што операцијата за фаќање на останатите 27 е во тек“, се додава во соопштението.
Обвинителите во Анкара, исто така, издадоа налози за приведување на 18 лица од поранешниот персонал на Армијата, кои беа разрешени по поразениот обид за државен удар.
„Операциите досега опфатија шест области во кои се фатени 14 од осомничените“, се додава во соопштението.
ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.