АНКАРА (АА) - Државното обвинителство на Република Турција утринава издаде налози за лишување од слобода на вкупно 43 осомничени лица за членство во терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Кабинетот на Државното обвинителство во Истанбул издаде налог за приведување на 20 осомничени лица во рамките на истрагата за инфилтрираните елементи на ФЕТО во полициските структури на Турција.
Постапувајќи по налог, турската полиција утринава на подрачјето на седум града од слобода лиши 18 и трага по преостанатите двајца осомничени.
Меѓу осомничените се и шестмина активни и деветмина претходно суспендиани полициски инспектори.
Државното обвинителство во Газиантеп издаде налози за приведување на 10 осомничени лица во рамките на истрагата за финансиските мрежи на терористичката организација ФЕТО.
Полицијата од слобода лиши девет, а трага по еден преостанат осомничен.
Обвинителството во Бурса води истрага за инфилтрираните елементи на ФЕТО во вооружените сили на Турција и утринава нареди приведување на 13 осомничени лица, меѓу кои шест офицери во активна служба и поранешни студенти на Воената академија.
Паралелно со тоа, Кабинетот на Државното обвинителство во Баликесир пред два дена издаде налог за приведување на 24 лица осомничени за членство во терористичката организација ФЕТО, а сите осомничени се приведени и предадени на надлежните судови на понатамошно процесуирање.
Станува збор за осомничени во рамките на истрагата која Обвинителството ја води во врска со инфилтрираните елементи на ФЕТО во судските и казнено-поправните установи во 11 турски области.
ФЕТО е терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), за кого Турција официјално побара испорачување од САД.
Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во турското правосудство со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвав обид за соборување на избраната власт, односно обид за државен удар што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа којашто не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални лица. Во текот на обидот за државен удар во Турција животот го загубија 251, а беа повредени околу 2.200 лица.