Турција

Турција: Приведени 15 припадници на ФЕТО

Приведувањата се извршени откако обвинителите во централна Коња издадоа налози за приведување на 25 осомничени лица, вклучувајќи 23 војници на должност, поради комуницирање преку говорници со високи членови на ФЕТО

Jeyhun Aliyev  | 12.12.2019 - Обновена : 13.12.2019
Турција: Приведени 15 припадници на ФЕТО

КОЊА (АА) - Турската полиција приведе 15 припадници на ФЕТО поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација, јавува Агенција Анадолија (АА).

Приведувањата се извршени откако обвинителите во централна Коња издадоа налози за приведување на 25 осомничени лица, вклучувајќи 23 војници на должност, поради комуницирање преку говорници со високи членови на ФЕТО.

Полициските тимови против тероризам извршија истовремени операции низ 12 области, вклучувајќи ја и Коња.

Полицијата трага по останатите осомничени лица.

ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.