Stipe Majic
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ЗАГРЕБ
Хрватското МВР и ПНУСКОК (Полициска национална канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал) во Загреб, Сплит, Книн и Грачац спроведуваат приведувања на државни службеници и бизнисмени под сомнение дека извршиле криминални дела во службената дејност и економски криминал со карактеристики на корупција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во полициската акција која се води во четири хрватски града приведени се 13 лица под обвиненија за злоупотреба, влијание врз трговијата, но и примање мито.
Меѓу приведените се наоѓаат секретарката на Министерството за администрација и поранешна градоначалничка на Книн, Јосипа Римац, претседателот на Управата на хрватски шуми, Крунослав Јакупчиќ и началничката на Грачац, Наташа Турбиќ.
Портпаролката на МВР на Хрватска соопшти дека по повеќемесечни криминалистички истражувања, рано утрово ПНУСКОК започна операции на подрачјето на Загреб, Сплит, Книн и Грачац.