Agim Sulaj
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
ПРИШТИНА
Во Косово се откриени уште 12 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) со што вкупниот број на случаи со овој вирус во земјата се зголеми на 1.064, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Денес не се регистрирани нови смртни случаи, односно бројот на починати од Ковид-19 во земјата изнесува 30.
Уште 9 пациенти се излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на излекувани од овој вирус во земјата се зголеми на 829.
Меѓу другото, денес во Лабораторијата за молекуларна микробиологија извршени се 311 тестирања за Ковид-19, додека вкупниот број на извршени тестирања во Косово изнесува 14.635.