Ekip
30 Мај 2022•Ажурирај: 31 Мај 2022
АНКАРА (АА) - Северна Кореја објави нов скок на сомнителни случаи на Ковид-19, највисок во последните три дена, објавија државните медиуми денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според државната канцеларија за превенција од епидемии, Северна Кореја пријавила 100.710 случаи на треска во текот на изминатите 24 часа, со што сомнителните случаи на Ковид-19 надминаа 3,54 милиони, објави корејската централна новинска агенција.
Досега 3,36 милиони пациенти закрепнале, додека 70 луѓе ги загубиле нивните животи од крајот на април.
Северна Кореја е меѓу ретките земји што не пријави ниту еден случај на Ковид од почетокот на пандемијата пред повеќе од две години. Претходно овој месец, Северна Кореја ги потврди своите први случаи на Ковид-19 во земјата и воведе карантин.
Превентивната стратегија на Северна Кореја се потпираше на целосно затворање на границите од јануари 2020 година. Светската здравствена организација нема евиденција за вакцинација против Ковид-19 во земјата со 25 милиони жители, при што Пјонгјанг одби повеќекратни понуди за снабдување со вакцини од меѓународната заедница.