свет, Коронавирус

„Коронавирусот пристигнал во САД уште на почетокот на декември“

САРС-КоВ-2 можно е да бил присутен во САД пред 19 јануари“, се вели во студијата, во која се додава дека „вирусот бил присутен во САД порано отколку што беше претходно објавено“.

Övünç Kutlu  | 02.12.2020 - Обновена : 02.12.2020
„Коронавирусот пристигнал во САД уште на почетокот на декември“

АНКАРА

САРС-КоВ-2, вирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19, постои можност првпат да пристигнал во Соединетите Американски Држави (САД) во декември 2019 година, многу порано отколку што беше официјално пријавено, покажува едно неодамнешно истражување, јавува Агенција Анадолија (АА).

Првите случаи на Ковид-19 беа идентификувани во Вухан, Кина, во декември минатата година, и веројатно стигнале во САД истиот месец, иако американските власти го пријавија првиот случај кон крајот на јануари.

Центарот за контрола и превенција на болести на САД ги испита зачуваните примероци собрани од американскиот Црвен крст од 7.389 донации на крв на жители од девет американски сојузни држави во периодот од 13 декември до 17 јануари.

Антитела на коронавирусот се пронајдени во 106 од 7.389 примероци на крв, според студијата објавена вчера од Универзитетот „Оксфорд“ за Здружението за инфективни болести на Америка.

„САРС-КоВ-2 можно е да бил присутен во САД пред 19 јануари“, се вели во студијата, во која се додава дека „вирусот бил присутен во САД порано отколку што беше претходно објавено“.

Според податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, САД сè уште се на прво место во светот според бројките на случаи и починати од новиот коронавирус, кои заклучно со вчера изнесуваат 13,7 милиони заразени и над 270 000 починати.

Во светски рамки, бројот на случаи е над 63,9 милиони, а бројот на починати е над 1,48 милиони.

Американската сојузна држава Флорида вчера стана третата држава што достигна 1 милион заразени, неколку недели откако државите Тексас и Калифорнија ја достигнаа оваа бројка.

На полето на вакцините, американската биотехнолошка компанија „Модерна“ во понеделникот соопшти дека веднаш поднесува барање за одобрување на итна употреба на нејзината кандидат-вакцина во САД и Европа. Компанијата истакна дека 20 милиони дози ќе бидат достапни за САД до крајот на оваа година, и дека планира да произведе 500 милиони до 1 милијарда дози на глобално ниво во 2021 година.

Американската фармацевтска фирма „Фајзер“ и нејзиниот германски партнер „БајоНТех“ вчера соопштија дека поднеле барање и до Европската агенција за лекови за одобрување на нивната вакцина.

Велика Британија денеска стана првата земја што ја одобри употребата на вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“ за населението по одобрувањето од Регулаторната комисија. Вакцината ќе биде пуштена во употреба веќе следната недела.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın